6 совети кои ќе ви помогнат да израснете смирено и учтиво дете

Повеќето им се восхитуваат на оние семејства кои имаат смирени деца, кои не ги расфрлаат сите предмети околу нив и не се бунтуваат. Клучот за ова лежи во нивното добро воспитување, но и до табиетот на детето. Кој не би им позавидувал на тие родители кои успеваат да израснат смирени деца со добри манири? А зошто и вие да не бидете дел од нив? Без разлика дали сте нови родители или пак тоа ве очекува во иднина, вреди да ги прочитате овие 6 совети кои ќе ви помогнат вашето дете да го претворите во стабилна и учтива личност.

1. Треба да знаете дека добрите манири потекнуваат од вашиот дом

И покрај тоа што има денови кога не сте расположени, кога сте пренатрупани со обврски или сте изнервирани од вашиот шеф, не пропуштајте да им кажете на членовите во вашето семејство „Се извинувам“, „Те молам“, „Благодарам“ и слични учтиви зборови. Децата учат од вас. Бидете им добар пример.

2. Зборувајте со почит со своите деца
Не треба да им давате заповеди на вашите деца. Наместо да им наредите да ги соберат играчките или да ја исчистат својата соба, започнете со „Те молам“, а завршете со „Благодарам“. Кога ќе ги слушаат ваквите учтиви зборови во вашиот дом, и тие ќе почнат да ги употребуваат, уште пред да го сфатат нивното вистинско значење.

 

3. Никогаш не ги игнорирајте вашите деца

Можеби некогаш навистина е значајна комуникацијата која ја остварувате со другите возрасни, или пак очајно сакате да позборувате со вашата најдобра пријателка, па дури мора да го земете и вашето дете со себе, но, во вакви ситуации не треба да го игнорирате. Тоа сигурно ќе прави многу работи за да ви го привлече вниманието, па затоа одржувајте физички контакт или контакт со очите со вашето дете и доколку одговара според ситуацијата или неговата возраст, вклучете го и него во разговорот.

4. Настојувајте да ги намалите прекинувањата што е можно повеќе

Децата понекогаш знаат да ве прекинат во средина на вашиот разговор. Па, кога тие го бараат вашето внимание, но вие сте зафатени, на пример зборувате со лекарот, научете ги да ја стават раката на вашиот зглоб и да причекаат, а потоа вие ставете ја вашата врз нивната со што ќе им дадете до знаење дека ќе зборувате откако ќе завршите.

  1. Подготвувајте ги за нивното време за игра

Зборувајте смирено со нив во врска со тоа колку е значајно споделувањето со другите деца, почитувањето на нивниот личен простор, чистењето откако ќе завршат игрите… Дајте им до знаење на децата што се очекува од нив и научете ги да се извинуваат, но и дека нивното време за игра сепак е ограничено, па треба да го користат мудро.

6. Контролирајте го лошото однесување

Кога децата ќе ве изнервираат или ќе направат нешто што не им е дозволено, научете до кој степен треба да реагирате бурно. Не треба секое недоразбирање да го претворате во голема и страшна кавга. Барајте рамнотежа.

Translate »