Бугарска паравојска подготвува револуција: На 3-ти март 100 000 тргаат од врвот” Шипка”

Комитетот за национален спас “Васил Левски “и Бугaрското народно движење” Шипка” формираат специјална бригада за антитероризам”Прва Шипченска Опелченска Бригада”. Тие имаат цел да ја преземат власта во Бугарија, се декларираат како  противници на западните сили и НАТО , а верни му се на Путин.   Преку социјалните мрежи ги повикаа своите истомисленици на трети март да им се приклучат на планинскиот врв Шипка и да тргнат во револуција. Организаторите велат дека ќе соберат 100 000 луѓе за спас на Бугарија, но и на сите други словенски и православни браќа на Балканот. Тие велат дека сакаат да постават народна власт во Софија.

Критичарите на ова движење  велат дека се работи за антиевропска формација спонзорирана од Москва, која нема реална моќ, но сепак е присутна на теренот.  Нејзините членови за време на мигрантската криза беа активни  на јужната граница на Бугарија и ги ловеа мигрантите кои илегално влегуваа во земјата.

Борците на оваа правоена формација се сликаат и снимаат  со калашникови и воени униформи, а нивниот слоган е –  ослободување и спасение.

Translate »