Истражување: Мастурбирањето убива 80-100 Германци годишно

Истражувањето направено во Германија покажува дека мастурбирањето убива 80 до 100 Германци годишно. Ова истражување открива бизарни начини на кои луѓето го завршиле својот живот во обид да си приуштат задоволоство. Последниот случај се случил пред Нова Година, кога маж од Хесе бил пронајден мртов на таванот на својата куќа. Според полицискиот извештај, мажот се задушил, а кога го пронашле бил врзан со ланци околку телото и вратот.

Немало трага на насилство, па се претпоставува дека умрел додека се самозадоволувал. “Bild” потоа откри дека покрај неговото тело биле пронајдени порнографски фотографии. Оној кој што го водел истражувањето, форензичарот Харалд Веб, тврди дека најчестата причина за смрт е недостатокот на кислород.

Според неговата проценка, на милион германци годишно умираат еден до двајца при што некој уред бил употребуван за да го зголеми задоволството за време на сексуалните активности.

Но, бројот на пријавени случаеви бил екстремно висок, бидејќи како што тврди Веб, роднините на починатите кои ги пронаоѓаат телата се срамат да признаат.

На пример, една жена од градот Хале го пронашла безживотното тело на својот син на чии брадавите биле прикачени божиќни лампиони.

Иако тоа е доказ за смртта, жената ги отстранила лампионите пред да пристигне Брзата помош. Веб вели дека му било чудно што на телото забележеал изгореници, но сè се расчистило кога жената конечно признала во каква состојба го пронашла синот. Тој се обидел да го засили задоволството со струјни удари, но неговото срце тоа не го издржа.

“Обично жртвите на смртоносно мастурбирање се мажи, но забележани се случаеви и со жени”, тврди Веб.

Од 1983 до 2003 година смртта чија причина е самозадоволување била истражувана од Институтот во Хамбург и утврдено е дека сите жртви била мажи помеѓу 13 и 79 години.

Веб објаснува дека луѓето го сакаат чувството на немоќ и ги возбудува потенцијалната опасност, но предупредува: “Свеста можете да ја изгубите побрзо отколку што мислите”.

Translate »