Андреј Куку, регионален управител на „ЛУКОИЛ Македонија“

  1. Во повеќе детски градинки во Скопје ЛУКОИЛ Македoнија подари прочистувачи за воздух. Во овој период од годината кога загадувањето е алармантно се чини дека ваквите мерки се најмалку што можеме да направиме. Каква е вашата стратегија во однос на ова прашање?

ЛУКОИЛ е социјално одговорна компанија. Како дел од нашето работење важен сегмент заземаат обврските кои ги имаме како општествено одговорна компанија. Тоа значи дека нашето работење е со висок степен на свесност за околината и средината од која сме дел. Не засегаат теми кои понекогаш и не се директно поврзани со нашето работење и бизнис интересите, но знаеме колку се важни за луѓето и нивното најблиско опкружување. Еден од проблeмите со кои се соочуваме сите секоја година, особено во градовите Скопје, Битола, Велес посебно во зимскиот период е енормнотo загадување, а како најчеста мета од последиците се најмалечките. Свесни за чувствителноста на проблемот и бизнисот од кој сме дел нашето работење е секогаш со висок степен на одговoрност и сметаме дека наша задача е да обезбедиме еколошки горива кои ја штитат околината, но и при секоја отворена можност да помогнеме онаму каде е потребно. Затоа решивме да донираме прочистувачи на воздух за детските градинки во некои од општините кои се најпогодени од загрижувачкото ниво на загаденост како: Аеродром, Карпош, Гази Баба и Кисела Вода. На овој начин би сакале да дадеме скромен, но значаен допринос во создавањето подобри услови за најмалите. Во оваа насока ЛУКОИЛ Македонија ќе продолжи, како и до сега да работи и да биде во согласност со општествените потреби.

  1. На бензинските станици на ЛУКОИЛ возачите можат да наполнат еколошки бензини ЕКТО. Кажете ни што тоа значи, што подразбирате под поимот „еколошки“?

Една од главните компоненти при производство на горивата се поригорозните барања за грижа за животната средина кон емисиите на штетни гасови од моторните возила и условите за работа на модерните мотори со внатрешно согорување. Сето ова нам ни се поставува како задача да ги вложиме сите наши напори во развој на иновативни моторни горива, со подобрени еколошки и економски квалитети. Особено жителите на Скопје се соочени со проблемот со загадувањето на воздухот карактеристичен за овој период од година. Ние сме свесни за ова и го третираме како многу сериозен проблем, па затоа можеби и ќе се повторам ЛУКОИЛ презема реални мерки за негово решавање. Горивата кои можете да ги наточите на нашите бензински станици низ Македонија се висококвалитетни и иновативни, со подобрени експлотациони и еколошки својства под брендот ЕКТО.

При создавањето на горивата EKTO од компанијата применети се најсовремените технологии со додавање на адитиви за гориво од најновата генерација. Притоа еколошкото гориво EKTO овозможува да ја зголеми моќноста на моторот и истовремено да ја намали потрошувачката на гориво. При негово користење се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид и азотни оксиди, што денес е многу важно, поради тоа што во  земјите во Западна Европа применетиот стандард Евро-6 е многу строг во делот на пуштање на штетни материи во атмосферата. Во овие услови ЛУКОИЛ испорачува свое моторно гориво во повеќето земји во Источна и Западна Европа. А тоа говори  за квалитетот на моторните горива од ЛУКОИЛ, кое  е  побарувано во овие земји.

 

  1. Честопати како главни виновници за загадување на воздухот се посочуваат автомобилите. Дали навистина постои разлика каков бензин користиме за да се намалат штетните издувни гасови?

Апсолутно да! Иновативното гориво EKTO беше создадено како што реков претходно, земајќи ги предвид најсовремените технологии со додавање на мултифункционален пакет на адитиви за гориво од најновата генерација, така што сопствениците на автомобили добиваат уште поголемо задоволство од возењето, а истовремено нивните автомобили не ја загадуваат животната средина. Постојано зголемување на побарувачката за EKTO  горивата од година во година самото по себе зборува за беспрекорен квалитет на ова гориво.

Предности на дизел горивото за екологијата споредбено со дизел Евро-6.

Се намалуваат емисиите на штетни материи за 8-10 пати, се намалуваат емисиите на азотни оксиди до 2-3 пати,  се намалува гарежот 2-3 пати. Благодарејќи на сето тоа се намалува задименоста од преработени гасови, се намалува емисијата на издувните гасови во атмосферата, во делот на тврдите честички, јаглеродни оксиди, несогорени јаглеводороди.

Предности на бензините ЕКТО за екологијата:

Споредбено со обичниот бензин ЕКТО Плус и ЕКТО Спортсодржат 3 пати помалку сулфур и 5 пати помалку бензол, на 25% намалени емисии на гареж и азотни оксиди.

ЕКТО бензините обезбедуваат максимално намалување на емисиите на штетни материи, остатоците од нецелосното согорување на горивото, како што се сулфурните соединенија, азотните оксиди и други опасни материи.

Самиот назив на горивото ЕКТО зборува за тоа, дека е Еколошко Гориво.

Сакам посебно да истакнам дека за ЛУКОИЛ високиот квалитет на производите отсекогаш бил приоритетен. Историски гледано, компанијата инвестира милијарди долари во модернизација на своите рафинерии, развивање на технологии и нудење на производи кои ги задоволуваат современите еколошки и економски барања.

 

  1. Од неодамна можеме да забележиме дека дел од бензинските станици се реновирани во склад со корпоративниот дизајн на компанијата. Какви новитети вашите корисници може да очекуваат?

Впрочем како  што гласи и мотото на нашата компанија Секогаш во движење со грижа за луѓето. Сакаме да создадеме подобри услови за нашите потрошувачи. Иако примарната цел на ЛУКОИЛ Македонија е да им овозможи на возачите високо квалитетни  горива, сепак неизоставен дел од политиката на нашето работење е и гостопримството и врвната услуга. Затоа постојано вложуваме и во овој дел. Ги разбираме потребите на патниците и желбата да направат куса пауза при патувањето или пак едноставо да го испијат првото утринско кафе, додека полнат гориво, ние овие работи иако обични си ги сфаќаме многу сериозно и им пристапуваме со голема професионалност. Па затоа нашите бензински станици можат во секое време да се пофалат со врвно кафе, љубезен персонал, удобен простор за пушачите и непушачите, место каде најмалечките ќе може да си поиграат и сите ситници значајни при патувањата. На сите објекти во Македонија има wi-fi, а на бензинската во Аеродром направена е комплетно модерна  летна тераса и освежен и разубавен простор кој ќе им посака добредојде и среќен пат на сите свои посетители.

  1. Кои се вашите планови за во иднина. Што ново може да очекуваат вашите корисници?

 

Создаваме услови, како граѓаните би можеле да имаат достап на висококвалитетни наши моторни горива и сервис на услуги.

Почеток на месец март планираме отворање на бензинска станица на излез од градот Битола во насока кон Грција, а во месец април отворање на бензинска во Гевгелија на пат кон Грција која ќе биде втора бензинска во овој регион.

По воведување во Република Македонија на нови  стандарди за гориво, ќе можеме на нашите бензински станици да го понудиме бензинот EKTO -100 со октански број 100, кое веќе се продава во Русија.

 

Translate »