Патниците плачеа во шок – Страшен судар во Хрватска

30 лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба, во директен судар меѓу автобус и камион во Хрватска. Меѓу повредените се и возачите на двете возила.

Сообраќајната несреќа се случила во подрачјето на Горски Котар, каде деновиве наврнаа над три метри снег. Очевидците велат дека наеднаш се создала снежна завеса, по што следел силен удар меѓу двете возила.

Од полицијата соопштија дека автобусот што се движел од Риека кон Делнице преминал во спротивната насока на патот и директно удрил во камионот.

Translate »