Вкусни кроасани – за убав почеток на денот

Снегот нека не ве поколеба да дојдете во Пекара Бакал по најубавите кроасани! Подготвени по француска рецептура, од најдобрите мајстори.

СОСТОЈКИ:

1 кг брашно

1 квасец

3 лажици шеќер

1 лажичка сол

250 мл кисело млеко

250 мл млеко

3 јајца

1/2 коцка маргарин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во малку млако млеко се става квасецот и шеќерот и се остава да нарасне. Во друг сад се соединуваат јајцата со киселото млеко и солта. Се додава потоа и млекото со квасецот, како и брашното, па се замесува тесто.

Нека стои да нарасне 30 минути.

Кога ќе нарасне тестото се дели на два дела, па секој дел на по осум помали топчиња.

Се развлекува едно топче со големина на палачинка и се премачкува одозгора со маргарин, па се развлекува друго и се става одозгора и се премачкува со маргарин.

Така се прави со сите осум но последната не се премачкува одозгора.

Се расукува тесто, па се сече на 12 дела и се виткаат кроасани.

Се премачкуваат со јајце и малку млеко и се оставаат да стојат малку на плех пред печењето.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

 

Translate »