Има само 18 месеци, а алергична е на вода

loading...

Ајви Ангерман од Хастинг, Минесота , има само 18 месеци и е алергични на вода. Родителите на девојчето  ја откриле нејзината состојба пред неколку месеци , додека ја бањале. Веднаш им станале јасно дека се работи за алергија, но  мислеле дека е во прашање некое средство за капење. Почнале да ги менуваат сапуните и шампоните, но ништо не помогнало, црвенилото и пликовите останувале по секое бањање.

Отако поминале низ дузина медицински испитувања, лекарите дијагностицирале дека се работи за алергија на вода.  Родителите се обиделе да ја менуваат и водата во која се бања детето.  Пробале со изворска, флаширана, од чешма, но  ништо не ја сменило ситуацијата.

Само неколку секунди во вода се доволни за појава на осип

Девојчето се осипува по телото и кога плаче или премногу се поти. Мајката сега ја учи малечката да не плаче и да не се вознемирува. И самата Ајви , која порано уживаше во водата, сега почна да се плаши и од капка.

Ајви некогаш ја сакала водата, а сега се плаши од неа

Ова е многу ретка сотојба, регистрирани се само педестина луѓе во светот што имаат алергија на вода.  Родителите на Ајви планираат да соберат средства и да се преселат на некое друго место кое  нема така влажна клима како Минесота . Стравуваат за иднината на своето девојче. Не знаат дали и како ќе прогресира алергијата. Слушнале за еден друг случај на девојка која не смее да пие вода поради алергија и  консумира само диет кола.  Ајви е постојано под мониторинг на алерголози, нејзините блиски се надеваат дека научниците ќе најдат лек со кој таа ќе може да води нормален живот.

Ајви со сестричката Грејс

Translate »