Спиела со 80 женети мажи, вели дека жените знаат дека сопрузите им се неверни

Луиза Дер Велд има 43 години и работи како секс- терапевт, според неа секој ден треба да се живее како да е последен, признавајќи дека има љубовни афери со голем број на љубовници. Вдовицата е и мајка на две деца. Признава дека после смртта на својот сопруг спиела со 80 оженети мажи.

Луиза вели дека жените на нејзините љубовници знаат за изневерувањата, но замижуваат на тоа, бидејќи не се заинтересирани за секс. “Со сопругот одлучивме да имаме отворена врска во последните години од нашиот брак. Па така продолжив и после неговата смрт, тоа ме научи дека секој ден треба да се живее како да е последен”, вели Луиза чиј сопруг изненадно починал на само 34 годишна возраст. Тие заедно имаат две деца, едното има 12, а другото 17 години.

“Традиционалниот брак често не успева, бидејќи е заснован на модел кој не е променет 150 години. Голем број на жени може да се обвинуваат, поради тоа што мажите ги изневеруваат. Но, тоа е така бидејќи тие едноставно ја губат волјата за секс и ја напуштаат спалната соба. Потполно се посветуваат на децата и домаќинството и престануваат да размислуваат за својот брак и сопруг. Не ми е воопшто чудно тоа што мажите ги изневеруваат жените. Секако, очигледно е дека и некои мажи можат да живеат без секс, па не ги обвинувам ни жените кои изневеруваат”, вели Луиза.

Таа вели дека нејзиното животно дело е тоа што “својата сексуалност ја искористува до максимум”, па ги советува другите жени да не ја осудуваат поради нејзините лични одлуки.

“Луѓето би требало помалку да ме осудуваат и да му се посветат на сексот. Живот е прекраток за да имате секс само со една личност”, заклучила вдовицата.

Кога станува збор за идеален партнер, таа категорично вели дека сака личност која ќе размислува исто како неа.

“Сакам мажи кои сакаат секс како јас”, вели таа. “Околу 60 % од паровите ќе доживеат изневерување. Доколку се повеќе отворени кон сексто, тоа би се случувало помалку”, вели Луиза која денес води и семинари за терапија на парови во кои ги поттикнува луѓето да зборуваат за своите сексуални фантазии.

Исто така, одржува и семинари на кои присутните може да имаат секс меѓусебе. Таа има и своја компанија под името “Future Love”.

Таа тврди дека луѓето најмногу изневеруваат на Божиќ и Денот на Вљубените, но исто така смета дека жените се винновни за тоа.

“Празниците само ги вперуваат рефлекторите во сето она што е лошо во врските. Луѓето тогаш сфаќаат дека мора да се случува нешто повеќе во животот, од досаден секс со ист партнер.”

Видео: Еве како изгледа кастинг за “Плејбој”

Translate »