Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно во филм на Тарантино

Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно ќе глумат во новиот филм на Тарантино , чие дејствие ќе биде фокусиранo на  убиствата на Чарлс Менсон во Лос Анџелес, пред педесетина години  Тарантино објави дека филмот ќе се вика :” Си било еднаш во Холивуд”.

Тарантино на сценариото работел пет години. Тој вели дека во  улогата на Шерон Тејт ја гледа Марго Роби, но не е исклучена и Џенифер Лоренс.

Марго Роби

Се споменува дека во филмот би можеле да глумат и Том Круз, Ал Пачино  и Семјуел Џексон.

Квентин Тарантино

Деветте убиства што се случија во Лос Анџелес во летото 1969 година ја згрозија Америка и светот, а меѓу убиените беше и Шарон Тејт, сопругата на режисерот Роман Полански. Одговорноста за убиствата ја презеде сектата The Family. Нивниот водач беше харизматичниот, суров и манипулативен Чарлс Менсон, лик со кој Америка се опседна по убиствата.

Чарлс Менсон, почина по 4 децении поминати во затвор

 

Шерон Тејт, сопругата на Полански, кога била убиена била бремена
Translate »