Хирурзите отвориле глава на погрешен пациент и по два часа сфатиле дека згрешиле

loading...

Операцијата траела повеќе од два часа, кога хирурзите конечно сфатиле дека оперираат погрешен пациент. Двајцата пациенти биле донесени во ист момент во болницата во Најроби. Едниот имал излив на мозокот , додека другиот помала траума на черепот, без фрактура.

По грешка, на операциона маса  бил ставен пациентот со траума ,  на кој воопшто и  не му требала операција.  Кога , по два часа,  хирурзите не можеле да  го најдат хематомот, конечно им станало јасно дека оперираат погрешен човек.

За среќа, и двајцата пациенти во моментов се во одлична состојба, пренесуваат  медиумите во Кенија. На пациентот кој имал излив, состојбата , сама од себе, драстично му се подобрила,  додека другиот успешно закрепнува по непотребната операција.

 

Translate »