Разговор со професионалната фризерка Гордана Чемерикиќ

Клиентот верува онолку колку вие ќе успеете веродостојно и правилно да  ја третирате неговата коса

 

 

Косата е украс на секоја жена, но само ако таа е правилно и професионално третирана. Кога правилно ќе се избере вистинскиот бренд, а професионално се истретира косата – резултатот е видлив. Бојата на косата е сјајна бидејќи квалитетната козметика за нега на коса овозможува брзо обликување на влакното и придонесува да биде сјајно и еластично. Сето ова благодарение на палетата професионални производи за нега на косата од RED CAT.

Сето тоа не ме поколеба после 50 години работно искуство да отпочнам со третирање на косите на  моите муштерии со новите производи од RED CAT каде што има видливи резултати, а воедно овозможува побргу и поедноставно да дојдам до целта, а муштеријата тоа навистина веднаш да го забележи, затоа што здрава и сјајна и негувана коса, не може да остане незабележана., а нејзината самодоверба – видлива и вклопена во нејзниот стил, ни раскажа професионалната фризерка Гордана Чемерикиќ

 

Како до успехот?

 

Да се зборува за толку многу години треба многу време, но накратко успехот да опстоиш 50 години, иако конкуренцијата од ден на ден е се поголема и посилна е во професионалноста или по мое кажано да се предадеш целосно на професијата, да ја следиш модата, трендот, да ја стекнеш довербата кон муштериите, за да  останат лојални кон фризерот.

Успехот се постигнува, само со континуирано учење, посета на обуки и семинари, споделувања мислења и искуства со колегите и примена на нови техники,заради задоволување на потребите и желбите на муштериите.

 

 

Да се има 50 години искуство во полето на професионалното фризерство е навистина нешто посебно. Акумулирано искуство и нега на огромен број на муштерии. Како од сегашен аспект гледате на оваа работа. Што е пресудно да се работи, кога знаеме дека постои огромна конкуренција?

 

Довербата се стекнува  само со  работа и професионалност.

Муштеријата верува онолку колку вие ќе успеете веродостојно и правилно да  ја третирате неговата коса. Со тоа се  влева сигурност за изгледот, советувај ќи гo дека  дел од неговиот стил е и неговата коса. Тогаш ние заедно со брендот кој го нудиме сме нејзини стилисти

Неодамна се вративме од тренинг во Словенија, во организација на професионалната нега за коса RED CAT. А го посетивме и саемот во Болоња, какви се впечатоците?

 

Се чини дека беспрекорната козметика за нега на косата не била никогаш толку на дофат на рацете како денес.  Новите усовршени формули ја прават постапката за нега на косата поедноставена, а ефектите се неизбежни и неверојатни. Јас почнав да работам сопрофесионалниот словенечки бренд RED CAT, нова козметичка линија која е достапна од неодамна и во Македонија. Станува збор за палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Имам работено со многу брендови, и можат со сигурност да кажам дека RED CAT е со солиден квалитет, а со пристапна цена.

 

Кога станува збор за правилна нега на косата,што Вие и препорачувате на една жена?

 

Да се изберат препарати, кои ќе ја штитат кутикулата на влакното, а истовремено ќе се грижат и за кожата. Тука секако е важно изборот на шампонот, како и на фарбата да бидат прилагоден според карактеристиките на косата, за што е потребно советување со професионален фризер. Практичното искуство на фризерот, како и неговото познавање на индивидуалните карактеристики на косата на секој индивидуален клиент се исклучително важни.

 

Translate »