Две жени се каснати од куче

Во два одделни случаи завчера околу 13 часот две скопјанки биле каснати од куче на улицата „Патение Зографски“ во скопската населба Водно.

Според информациите од МВР, 30-годишната скопјанка Т.Н.(30) пријавила дека на 4 март околу 13 часот, додека се движела на улица „Партение Зографски“, била нападната и касната од куче, при што се здобила со повреда на десната нога.

Вториот случај го пријавила 30-годишната О.В. која рекла дека  била нападната и касната од куче при што се здобила со повреда на левата нога, додека се движела на истата улица.

Translate »