Кинеска станица го забрзува својот пад кон земјата, можно е да падне и во Македонија

Вселенската станица Тиангонг-1, тешка 8,5 тона го забрзува својот неконтролиран пад, а нејзиниот контакт со Земјиното тло би требало да се случи помеѓу 24 март и 19 април, наведува Европската вселенска агенција.

Тиангонг (во превод Рајска палата) е испратена во Земјината орбита 2011 година. Станицата е користена за мисии со и без екипаж, а во историјата влезе како прва вселенска мисија на една жена астронаут од Кина.

Владата во Пекинг минатата година соопшти дека комуникацијата и контролата над станицата е изгубена и дека таа ќе се сруши на Земјата.

Тиангонг изминативе недели почнала да влегува во густите делови на атмосферата, поради што нејзиниот пад добива на забрзување.

Се смета дека поголемиот дел од станицата ќе изгори во атмосферата, но, според зборовите на астрофизичарот Џонатан Маекдауел, нејзини делови тешки и до 100 килограми, сепак, ќе паднат на Земјата.

Кинеската вселенска агенција ги известила Обединетите нации дека Тиангонг-1 ќе се сруши во периодот помеѓу октомври 2017 и арпдил 2018 година.

Шансите дека остатоците некого ќе повредат или убијат се мали, но Пекинг задолжително ќе ги извести ОН кога падот конечно ќе почне.

Интересно е што како место за можен пад се наведуваат Франција, Шпанија или Португалија во еден случај, а во друг земјите од Балканот.

Translate »