ФФМ стартува нов проект „Фудбал во училиштата“: Вклучување на 15.000 ученици!

loading...

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Сојузот за училишен спорт на Македонија стартува еден нов голем проект за доближување на фудбалската игра до најмладите и ново омасовување на најпопуларната спортска игра и во нашава земја.

„Со задоволство можам да најавам дека во соработка со Федерација на училишен спорт почнува проектот Фудбал во училиштата. Од март 2018 до мај 2020 година ќе стартува проект низ 40 училишта а ќе играат момчиња и девојчиња од второ до петто одделение. Во втората фаза ќе бидат опфатени 80 а во третата 120 училишта. Во првата фаза ќе бидат вклучени 5.000 а во крајната фаза 15.000 ученици“ – истакна на денешната прес-конференција претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Задоволство од стартот на, како што вели грандиозниот проект и соработката со ФФМ, истакна и претседателот на Сојузот на училишен спорт, Александар Туфекчиевски…

„Ова е еден голем и прекрасен проект. Во првата фаза се опфатени 40 училишта од 10 општини и секако благородна мисија и една општествена мисија. Програмата е прилагодена за возраста на учениците и секако ќе биде една огромна придовивка. Сето тоа треба да биде игра низ фудбал, и ќе биде класичен лига систем. Очекуваме навистина ова да прерасне во одличен проект“ – рече Туфекчиевски.

Translate »