Мерки на претпазливост за советникот на Оливер Спасовски

loading...

 

Нема мерка притвор за советникот на Оливер Спасовски.  Д.С. вчера бил приведен во полициската станица во Кисела Вода. МВР соопшти дека тој добил мерки на претпазливост.

Соработникот на министерот за внатрешни работи остана без пасош и ќе треба да се јавува на суд и веќе нема да оди на работа.

Д.С.  во текот на месец февруари 2018 година, во својство на службено лице, распореден со Наредба, државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи, носител на безбедносен сертификат “државна тајна”, одал службена тајна на лице кое било предмет на посебни истражни мерки, соопштија од МВР.

Translate »