Дали кинеските кондоми им одговараат на сите?!

loading...

Кина е најголем произведувач на кондоми на светот, со  над 300 фабрики кои произведуваат околу 3 милијарди кондоми секоја година.

Но, минатата недела , по повод денот на превенција од ХИВ/Сида. ,   министерот за здравство на Зимбабве  упати јавна критика до кинеските произведувачи дека кондомите кои ги произведуваат  се премногу мали за мажите кои живеат во оваа  африканска земја.

Африканските земји  најмногу  увезуваат кондоми од Кина, но големината на овие производи не е адекватна , а мажите често се жалат дека кондомите не им одговаараат.

Поплаките не останаа без одговор. Еден од директорите на кинеска фабрика за кондоми од Пекинг, вети дека овој проблем ќе се надмине.

Според некои проценки , 13,5 проценти од  возрасното население во Зимбабве  инфицирано со вирусот на сидата.

 

Translate »