Протест на новинарите пред Влада

loading...

Протест пред владата против заканите кон Насер Селмани, претседател на ЗНМ, од страна на Беќир Асани, партиски функционер на ДУИ, се организира денеска, во 12 часот – стои во неформалниот   повик на Тамара Чаусидис актуелен претседател на новинарскиот синдикат

„Сите копилиња на пладне пред Влада“ – го завршува Чаусидис својот повик, алудирајќи на вокабуларот од заканите против Селмани.

Осуда на социјалните мрежи и јавноста на безобразлукот и ароганцијата на челникот на ДУИ Беќир Асани кој во последното интервју  воопшто не покажува каење туку продолжува со нападите и омаловажувања на претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Се огласи и владеачката СДСМ која преку соопштение ги осуди нападите врз претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани.

“СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности” наведуваат од СДСМ.

Партискиот функционер на ДУИ Беќир Асани во вчерашното интервју за порталот Мактел го именува Селмани со погрдни зборови и го омаловажува. Ова следува откако претседателот на ЗНМ реагираше на социјалната мрежа Фејсбук за нападот врз полицајката Јасмина Јаначковска од функионерот на ДУИ при обид за тргање на неговото возило од пред трговскиот центар Мавровка во Скопје. Тогаш Селмани напиша дека “правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ”. По, ова како што напиша повторно самиот тој, му се заканувал братот на Беќир Асани за што пријавил и во полиција.

Тогаш реагираше и опозицската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најостро ги осуди заканите кои му биле упатувани на Селмани и го обвини министертвото за внатрешни работи за инертност и неодговорност.

За нападите врз претседателот на ЗНМ реагираа и регионалните новинарски здруженија, а ги осуди и министерот за транспаретност и отчетност Роберт Поповски.Локално.мк

Translate »