Вицепремиерот Османи ги повика органите да преземат мерки за Бекир Асани

loading...

Вицепремиерот Бујар Османи денеска ги осуди навредите од Бекир Асани од ДУИ упатени кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Притоа, Османи истакна дека Владата се залага за слобода на медиумите и дека тоа е во рамките на евро-атлантските процеси. Вицепремиерот ги повика органите да преземат мерки, при што истакна дека лично тој, а ниту Владата, нема да штити никого.

Станува збор за заканите и навредите што функционерот на ДУИ во неодамнешното интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите нарекувајќи го новинарот копиле и жена.

Османи оваа изјава ја даде денеска пред потпишувањето на договорот за развојна соработка и договорот за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска.

 Од друга страна, директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, истакна дека не е запознаена со ова прашање, но дека тие работат за унапредување на човековите права. Притоа таа истакна дека новинарите секогаш треба да бидат заштитени.Актуелно 24

Translate »