Неделен хороскоп

loading...

Овен

Ве очекува одлича недела во која ќе бидете полни со енергија и сила за да започнете со нови планоци. Ова е вистински момент да се посветите на јакнење на вашите вештини, да започнете нов спорт или пак диета. Енергични и задоволни – тоа е описот за вас за оваа недела. Ќе успеете сите планови да ги спроведете на дело. На емоционален план, контактот со една Шкорпија ќе ве направи среќни.

Бик

Овој период е одличен за дискусија за врската која полека станува сериозна, или пак запознавање нова личност со која е можно да се развие посериозна врска. На работен план, се уште не доаѓа можноста за вас, а вие ја чекате. Сакате промени. Промена на позицијата или работата. Бидете уште малку трпеливи.

Близнаци

Малку тежок работен период ве очекува. Ќе имате многу идеи, но нема да најдете време за нивна реализација. Чекање ве очекува и во љубовта. Постои личност која ви се допаѓа, но можно е да е потребно повеќе време за тоа.

Рак

Оваа недела ќе претворате во злато што и да допрете. Одлична недела и за работа и за љубов за сите Ракови. Ова е ваша недела и искористете го тоа. на емотивен план, многу извесен е почетокот на нов емоционален однос кој ќе биде страствен, но и стабилен.

Лав

Станувате малку пасивни на љубовен план и тоа не им се допаѓа на вашите сакани. Доколку сте сингл, тоа не ви одговара вам, бидејќи тапкате во место, а самите сте виновни за тоа. Колку и да не сакате, излегувајте почесто. На работа, ве очекуваат помалку нервози од претходната недела.

Девица

Оваа недела, комуникацијата на работа, но и со саканата личност е малку проблематична. На работа имате чувство дека вашиот глас не се слуша доволно, а во емоционалниот однос како да не можете убаво да се изразите и да бидете разбрани. Бидете трпеливи и слушајте ги другите.

Вага

Работите се неизвесни на љубовен план, но ве очекува супер авантура со еден Овен. Оваа личност ви се допаѓа веќе некое време и иако ништо конкретно не се случуваше досега, сега е времето за тоа. На работа, ве очекува подобрување.

Шкорпија

Земајте повеќе иницијатива на работа оваа недела, бидете храбри и не се плашете од донесување одлуки. Оваа позиција ќе ви одговара, а ќе фрли и ново светло на вашите лидерски способности. На љубовен план, ве очекува супер уживање и романтичен период.

Стрелец

Пред вас е убав период. По лошиот хаос, работната ситуација ќе се смири и ве очекува помалку работа, а повеќе можности за одмор и дружење. Исто така, интересно ќе биде и на полето на љубовта. Ќе флертувате во личност од друга земја.

Јарец

На работа се чувствувате многу добро и почитувани сте. Екипата е одлична и тоа ви годи многу. На љубовен план, ништо сериозно не се случува. Ако сте во врска, ќе биде мирно. Но, исто така мирно и ако сте сингл. Работата е во фокус оваа недела.

Водолија

Имате одличен однос и со колегите и со шефовите и тоа ќе направи да се чувствувате многу добро. Со колегите ќе се дружите и после работа. Љубовната ситуација е генерално добра и убаво се сложувате со партнерот, а убаво се развива и таквиот однос. Здравствено, можни се хронични проблеми.

Риби

Бидете отворени кон другите кои ви се додворуваат, бидејќи ова е погоден период за љубов. Можно е познанство со Рак или Шкорпија, кои ќе ви го разубават животот. На работа, задоволни сте и се е како што треба.

Translate »