Заев: Убаво е да ги повикате пријателите, како што е САД на Македонија

loading...

САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за спорот за името и многу е важно двете држави да продолжат со преговорите, изјави американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

„Пораката е дека САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат заедничко прифатливо решение. Мислам дека Македонија презеде големи и значителни чекори и задоволни сме од напредокот што е постигнат“, рече Мичел.

Тој додаде дека САД ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски аспирации и нагласи дека вратата кон НАТО останува отворена. На новинарско прашање дали САД директно ќе се вмешаат во преговорите, Мичел рече дека САД се поддржувачи на процесот, но дека двете држави треба да го решат самите.

Заев, пак, на прашањето дали очекува САД директно да се вмешаат во спорот, рече: „Спорот за името трае 25 години, тоа е тешко и мачно прашање и убаво е да ги повикате пријателите. Секој пријател е од помош, а особено стратешките пријатели, како што се САД на Македонија. Секако, ако биде потребно, очекувам помош во насока да ги охрабри двете страни“.Makfaks.mk

Translate »