Почина Стивен Хокинг

loading...

Астрофизичарот Стивен Хокинг, познат како еден од најмоќните умови за своето време, почина на 76-годишна возраст.

Тој страдаше од амиотрофична латерална склероза и речиси единственото нешто во неговото тело кое работеше беше мозокот. Болеста го врзала за инвалидска количка повеќе од 40 години. Британскиот научник почина, соопштија неговите деца во специјалното коминике. “Ние сме длабоко ожалостени од смртта на нашиот драг татко”. “Тој беше голем научник и необичен човек, чии трудови ќе живеат уште многу години”, напишаа неговите деца Лаки, Роберт и Тим во текстот објавен од британската Прес Асосиејшн и АФП

Translate »