Принцот Хари одби да потпише предбрачен договор

Принцот Хари не секогаш бил романтичар, но со Меган Маркл станува сигурен во љубовта.

princot-hari-odbiva-da-potpise-predbracen-dogovor-i-da-go-zastiti-bogatstvoto-od-30-milioni-funti-1.jpg

33-годишниот Хари откако е верен за Меган Маркл покажува драматични знаци на предаденост, а одбивањето да потпише предбрачен договор е еден од нив.

„Хари никогаш не помисли да потпишува предбрачен договор. Упорен е и сигурен дека неговиот брак ќе трае, па нема потреба да потпишува ништо,“ вели еден негов пријател.

Хари наследил 10 милиони од неговата мајка, принцезата Дијана, кога наполнил 30 години.

Дополнително, на својата „сметка“ има уште 20 милиони фунти, додека богатството на Меган се проценува на 4 милиони од нејзината актерска кариера.

princot-hari-odbiva-da-potpise-predbracen-dogovor-i-da-go-zastiti-bogatstvoto-od-30-milioni-funti-2.jpg

Принцот Вилијам исто така одби да потпише предбрачен договор кога се венчаше со Кејт Мидлтон.

Translate »