Практичен совет како да го уредите малиот тоалет, за да изгледа поголем!

За да го постигнете овој ефект, најголема улога играат плочките, нешто за кое денес најмногу ќе обрнеме внимание. Ви покажуваме неколку помалку просторни тоалети со навистина импресивни внатрешни дизајни.

Светлото и големината на просторот се два параметри на кои треба особено да се обрне внимание кога се уредува тоалетот. Плочките со посветли нијанси на бои и светлите ѕидови ќе направат просторот да изгледа поголем, секако доколку сакате да создадете една пријатна атмосфера. Идеален избор за позадината се плочките во беж боја, светло сина, светло сива или розова боја. Овие нијанси можете да ги комбинирате со детали и украси направени од хром. Големината на плочките, исто така, игра значајна улога во создавањето на посакуваниот амбиент. Во помалите тоалети, можете да одберете поголеми плочки, бидејќи малите плочки визуелно го намалуваат просторот.

Во салонот KONSTRUKTA кој се наоѓа во Скопје на ул. Васил Ѓоргов 21, локал 5 можете да најдете голем избор на квалитетни плочки и санитарии, и секако да добиете совет за уредување.  tel. + 389 2 3122 097  e-mail: contact@konstrukta.info

Translate »