50-тина фризери од Македонија се едуцираа на традиционалниот Болоњски семинар за професионални фризери!

loading...

 

50-тина професионални фризери и техничари од Македонија благодарение на компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалните брендови за коса RED CAT и IMEL Profesional, присуствуваа на 51-от саем за фризерство COSMPOROF во Болоња, Италија.

Станува збор за еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството, а на кој македонските претставници беа предводени од професионалните фризери Даниел Пауновски и Андреј Миске кои истовремено им ги презентираа  и новитетите поврзани со производите на  RED CAT и IMEL Profesional.

Присутните имаа можност за да се запознаат со европските и светските новитети во негата на косата, со најновите фризерски трендови, да разменуваат искуство и знаење, и на лице место да видат како работат врвните мајстори.

“Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма!  Токму поради тоа професионалните фризери се многу пребирливи при изборот на козметиката која ја користат. Тоа треба да биде квалитетна козметика која ја негува косата, која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Пропорачливо е да користат производи со хиалуронска киселина кои помагаат косата да постигне максимална хидратација и да се зголеми производството на природен колаген, истакнувајќи ги посебно квалитетите на Имел козметиката.”, изјави нашиот познат стилист Андреј Миске.

Производите можат да се најдат само во фризерските салони. Ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.

Не го оштетуваат влакното на косата, и даваат убав и посакуван сјај на косата.

 

Translate »