На едно четиричлено семејство во Македонија во февруари му биле потребни 32.383 денари за основните месечни потреби, покажуваат податоците на Синдикалната минимална кошница.

Нејзината вредност е зголемена во споредба со јануари кога изнесувала 32.354 денари.

Најмногу пари или 13.395 денари во февруари биле потребни за храна и пијалоци, а 10.476 денари за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

За превоз четиричлено семејство трошело 2.349 денари, а за обувки 2.122 денари. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.