ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ ги фризира податоците од статистика

СДСМ ги фризира податоците за висината на просечната плата и менува статистичка методологија само за да покаже некаков успех, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека е абележан историски раст на просечната плата во јануари.

„За жал успех нема. Економијата тоне, трошоците за живот растат, растат цените, стандардот опаѓа и граѓаните осиромашуваат. Тоа е она кое што граѓаните го гледаат секој ден. Манипулациите на СДСМ не поминуваат. Впрочем најдобар одговор за оваа весела математика и статистичкa вратоломниa на СДСМ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата што е доказ дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира. Доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот. Податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата,со растот на платите треба да расте и приливот на средства од персонален данок во буџетот, што велат од ВМРО-ДПМНЕ, не е случај.

Translate »