Министерот Бектеши потрошил 14 илјади евра по кафеани за само шест месеци

За половина година , од  1-ви јуни до 31-ви  декември 2017-та , владините функционери изеле и испиле околу  180 илјади евра. Ова значи дека  извршната власт трошела дневно по околу 1300 евра буџетски пари во ресторани и барови.

Премиерот Заев во тој период  за угостителски услуги дома и во странство има потрошено  34  000 евра. Зад него на табелата е министерот за економија Крешник Бектеши кој за јадење и пиење потрошил 14 000  евра. Следи вицепремиерот Бујар Османи, со потрошени речиси 13 000 евра, а зад нив се Билен Салији, Роберт Алаѓозовски, Садула Дураку, Љупчо Николовски, кои за овој шест месечен период  имаат потрошено меѓу 7 и 12 илјади евра за храна и пијалаци.

За авионските билети во спомнатиот период се дадени вкупно 66 илјади евра. Прв на листата на владини функционери  е министерот за надворешни работи Никола Димитров, чии летови од јуни до декември минатата година чинеле околу 16 илјади. По него е вицепремиерот Кочо Анѓушев, со платени 6 илјади евра за авионски карти, а следат Бујар Османи, Крешник Бектеши, Роберт Алаѓозовски и Радмила Шекеринска.

Во  “Алатката за отчетност”  стои  споредба со трошоците за јадење, пиење и спиење на претходниот и сегашниот премиер. Никола Груевски за шест месеци во 2014-та година потрошил 80 000 евра, Зоран Заев за шест месеци во 2017, 32 000 евра.

Translate »