Ако сакате вашите јајца да не содржат хемикалии, најдобро е да ги обоите со природно бои. Бојата ќе биде побледа, за разлика кога користите вештачки бои, но оргиналноста е загарантирана.

 

Жолта боја може да добиете доколку јајцата ги варите со цвет од камилица, путер, листови од бреза, лимон или портокал.

Црвена боја можете да добиете доколку користите сок од репка или ги варите јајцата со замрзнати малини, боровинки или брусница.

  • Кафена боја може да добиете доколку во водата во која јајцата се варат додадете турско или инстант кафе или доколку додадете црн чај. Исто така доколку ги варите јајцата со лушпи од орев ќе добиете кафена боја.
  • Зелена боја може да добиете доколку ги варите јајцата заедно со листови свеж спанаќ.
  • Сина боја може да добиете доколку листовите од црвена зелка ги сварите и јајцата ги ставите во врелата вода (колку подолго ќе бидат јајцата во водата, бојата ќе биде потемна).
  • Портокалова боја може да добиете доколку јајцата ги сварите заедно со морков, во водата додадете и чили во прав или црвен мелен пипер.
    За да добиете одлична боја, додајте јаболков оцет во водата. Сепак, имајте во предвид дека боите ќе бидат малку посветли отколку кога се користат вештачки бои, но оригиналноста е загарантирана.