Вкусни и брзи пица мафини Fantasia

Доколку немате идеја што вкусно да подготвите за појадок или вечера, ви предлагаме да подготвите пица мафини. Потребни ви се неколку состојки и само триесетина минути за подготовка, а резултатот е вкусен оброк за целото семејство.

Потребни состојки:

1 пакување мешавина за пица мафин Fantasia (за 12 мафини)
2 јајца
150 мл масло за јадење
100 мл вода
100 г шунка, исечкана
50 г кашкавал , изрендан

Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се меша со миксер додека да се изедначи смесата и се добие тесто. Се зачувува дел од ренданиот кашкавал за подоцна, а остатокот се додава со шунката исечкана на ситни парчиња и се промешува.

Се распоредуваат хартиените калапи во сад за мафини. Тестото со помош на две лажици се распоредува во калапите за мафини. Се пече за време од 30 минути во загреана рерна на 180 Целзиусови степени (или 160 степени во рерна со вентилатор).

Кога се готови мафините се вадат од рерната, се распоредува врз нив преостанатиот рендан кашкавал и се враќаат во рерната да се растопи кашкавалот.

На следниов линк може да погледнете видео со целата подготовка на мафините.

Translate »