Вознемирувачки случај во Далас: Детето го изгладниле до смрт, за да го истераат ѓаволот од него

Две годишниот Бенџамин Апарици  од Далас починал од глад откако родителите повеќе од 3 недели не му давале да јаде верувајќи дека го запоседнал ѓаволот.

Родителите отишле кај пасторката Арејси Мези и побарале совет од неа, а таа им рекла на детето да не му даваат храна и така ѓаволот ќе го напушти неговото тело. На страотната снимка на  „церемонија на воскреснување“, која е покажана на судењето, се гледа како детето станало коски и кожа.

На снимакта се гледа и како мајката го држи телото на детето, како му виси облеката, и изговара молитви на различни јазици и го повикува Бога. Покрај неа стои сопругот, уште еден пастор и други верници.

На суд е објавена снимката на која се гледа како Меза го држи детето преку колено со соблечени панталони и го удира по задникот. Потоа се слуша плач на детето. Бенџамин видно измачен, околу очите има црни кругови, очите му се пропаднати, а клучните коски изразени. Толку е измачен што нема сила главата да ја држи исправено.

Меза на суд рекла дека тоа го направила затоа што Бог од неа побарал така за да се очисти детето од нечистите сили.

Рекла дека „дух“ и рекол дека детето треба да јаде, но кога би заборавил да каже „Амин“ по молитвата или неправилно го користел тоалетот таа за казна пак го изгладнувала.

Бенџамин, меѓутоа не бил единствена жртва на оваа пасторка. Децата на своите следбенции ги одвојувала од мајките веднаш по раѓањето иако сите живееле под ист покрив. Водела распоред на изгладнување и за другите деца, но од некоја причина, Бенџамин најчесто го казнувала. Кога на суд ја прашале зошто го правела тоа, не дала јасен одговор.

Сведокот Назарет Зурита рекла дека Меза ги знаела родителите на Бенџамин и пред неговото раѓање и дека не смееле да пријават во полиција по смртта на синот зошто биле илегални мигранти.

Зурита откри дека следбенциите на Меза живееле со неа и нејзиниот сопруг во своевидна комуна. Ги уверила дека е пророк и дека може да истерува демони. Врз нив изведувала егзорцизам и ги терала на пост.

Кога некој би и се спротивставил, Меза го обвинувала дека бил запоседнат од ѓавол. На крајот таа е осудена на 99 години затвор.Sitel.mk

Translate »