Хороскоп за aприл, што предвидуваат ѕвездите

Овен

Ако сте во врска:

Ќе имате можност да ги исполните вашите заеднички цели, а тоа ќе донесе стабилност во вашиот однос со партнерот и ќе ви ја зајакне меѓусебната доверба. Во текот на месецот ќе се зголеми страста помеѓу вас, привлечноста и блискоста. Ќе се разбуди потреба за романтика, а тоа ќе ви годи во врската. Очекувајте подобрување и на комуникацијата.

Ако сте слободни:

Ќе бидете заинтересирани за врска и ќе барате личност која е подготвена на тоа. Може да налетате на таква личност преку работата, а ќе ја препознаете по тоа што ќе изгледа сериозно, зрело и амбициозно. Ќе бидете расположени за излегување и дружење и ќе почувствувате хемија. Кон крајот на месецот постои можност за влегување во врска.

Бик

Ако сте во врска:

Комуникацијата со саканата личност може да биде отежната на почетокот на месецот. Нема да може да се согласите околу меѓусебните потреби, но во втората половина ќе се пробуди силна потреба за физичка блискост со партнерот. Тоа ќе ви помогне да го подобрите вашиот однос и повторно да се сложувате. Ќе имате бујна имагинација и на креативен начин ќе го поминувате времето, што ќе влијае позитивно на врската.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да влезете во сериозна врска, но не сте го нашле човекот кој ќе ви одговара за таква авантура. Обрнете внимание на вашите потреби, а ако сте сигурни во тоа што го сакате кога станува збор за љубовта, ќе го најдете. Кон средината на април ќе чувствувате привлечност кон некого и постои можност да развиете силна врска полна со емоции и страст.

Близнаци

Ако сте во врска:

Избегнувајте повлекување на само, бидејќи на партнерот му е потребна вашата иницијатива, повеќе комуникација и конструктивни предлози за вашите заеднички планови и активности. Ќе бидете склони кон одолговлекување и жалење, па недостатокот на идеи може да доведе до ладење на односот. Во втората половина на месецот потрудете се да излегувате друштвено заедно со партнерот бидејќи можно е да предизвикате недоверба. Кон крајот на месецот ќе се подобрат односите.

Ако сте слободни:

Ќе се пробуди страста во вас и повеќе ќе ве интересираат авантури отколку влегување во сериозна врска. Очекувајте чести излегувања со пријателите на места каде може да запознаете личности расположени за авантура и забава. Ќе ве привлече таинствена и харизматична личност која ќе сакате подобро да ја запознаете и ќе откриете дека одлично се сложувате. Можно е да се пробудат и некои чувства кон таа личност.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе почувствувате поголема блискост во односот со партнерот и помеѓу вас ќе се разбуди страст на која долго време не сте обрнувале внимание. Ќе ви пречи фактот што нема да се согласувате околу некои заеднички цели, но избегнувајте конфликти. Потребна ви е емоционална топлина, а во втората половина ќе бидете склони кон решавање на сите проблеми во односот и двајцата ќе бидете подготвени за промена.

Ако сте слободни:

Во текот на месецот ќе имате шанса да запознаете личност која ќе ве заведе. Двајцата ќе чувствувате меѓусебна привлечност и веднаш ќе се појави хемија помеѓу вас. Страста и сексуалната привлечност ќе ве исполнуваат, а може да се пробудат и некои чувства и потреба за нежност. Очекувајте љубовна авантура во која ќе уживате, а почетокот ќе се покаже како квалитетен за понатамошно развивање на врска.

Лав

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе се согласувате за вашите заеднички планови и цели, но бидете внимателни во врска со договорите, бидејќи може да има минливи недоразбирања. Ќе си пружате заемна поддршка, а тоа ќе ѝ донесе стабилност на врската. Одржувајте го ова ниво за двајцата да бидете задоволни, бидејќи во втората половина можни се промени, па подобро е да бидат позитивни, како освежување. Довербата ќе ја постигнете со подобрена комуникација и искреност.

Ако сте слободни:

Кон средината на април очекувајте да запознаете личност која многу ќе ве заинтересира, па дури може да се пробудат и некои чувства. Сепак, бидете внимателни, бидејќи во игра може да влезе и втора личност која ќе привлече повеќе симпатии кај потенцијалниот партнер. Тоа ќе ве мотивира да се потрудите и да не дозволите да ве засени конкуренцијата, со оглед на тоа што сакате да излезете како победник од секоја битка, па и од љубовните.

Девица

Ако сте во врска:

На почетокот на април нема да бидете многу љубовно расположени и ќе ѝ обрнувате помалку внимание на саканата личност. Тоа може да доведе до недоразбирања, грижи и недоверба. Кон средината на април односот може да се подобри и да се приспособите еден на друг. Кон крајот на месецот страста уште повеќе ќе ве зближи и ќе почувствувате пријатна промена во врската, што ќе предизвика разговори за заеднички планови во иднина.

Ако сте слободни:

Уште на почетокот на месецот можно е да ви пријде личност која ќе ви остави добар впечаток. На прв поглед, по однесувањето и карактеристиките кои ќе ги покажува, ќе ви изгледа како да сте ја запознале сродната душа. Брзо ќе се одвиваат настаните и брзо ќе се запознаете и зближите. Честите излегувања и разговори на различни теми набрзо ќе предизвикаат желба за врска, која до крајот на месецот може да се оствари.

Вага

Ако сте во врска:

Ќе се посветите на љубовно поле и појасно ќе ги гледате потребите на вашиот партнер. Ќе се потрудите да ги поправите грешките и недоразбирањата од изминатиот период, иако нема да биде лесно. Во втората половина на месецот ќе постигнете согласување и поголема доверба, па страста ќе се обнови и ќе ве зближи. Ќе ви годат чести заеднички излегувања и посета на места каде ќе може да се посветите еден на друг.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба за телесно задоволство и страста во вас ќе се зголеми. Тоа може да влијае негативно на љубовниот живот бидејќи нема да носите рационални одлуки и нема мудро да бирате личности кои ви одговараат за емотивна врска. Избегнувајте тајни врски, бидејќи ќе ви биде тешко да ја одржувате стабилна. Освен со страст, ќе бидете исполнети и со привремена посесивност и љубомора, па бидете внимателни.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во првата половина на месецот ќе остварите блискост и ќе ја постигнете посакуваната стабилност во врската. Ќе имате сериозни разговори за заедничките планови и ќе се сконцентрирани на подобрување на условите за заеднички живот. Што се однесува до тоа ќе се сложувате, но во втората половина можни се недоразбирања и несогласувања. Можно е да се откријат некои тајни за некоректни постапки и неопходно е двајцата да се ангажирате за нивно решавање и зголемување на искреноста.

Ако сте слободни:

Првата половина на месецот нема да има посебна активност на љубовен план, но во втората половина на април можно е да ве привлече личност на прв поглед. Привлечноста ќе биде обострана, што може да доведе до будење на посериозни чувства и блискост помеѓу вас. Ќе се разбирате без многу зборови и можно е набрзо да започнете врска, но бидете внимателни, бидејќи ќе постојат обиди вашиот потенцијален партнер да го заведат други личности.

Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на април може да ви донесе поволен пресврт на односот во врската. Ќе знаете како да се поставите и како да ги исполните потребите на саканата личност, а со тоа подобро и ќе се разбирате. Можно е да настанат несогласувања околу финансии, но во втората половина на месецот ќе најдете заеднички договор. Избегнувајте да криете работи еден од друг бидејќи тоа може да ви го залади односот во овој период.

Ако сте слободни:

Ќе имате потреба од наоѓање на сродна душа и влегување во врска за која ќе треба да се потрудите и посветите, но и да искусите длабоки емоции. Ќе запознаете личност која ќе ви изгледа дека ги задоволува критериумите, но бидете внимателни, бидејќи можно е да ја идеализирате личноста на почетокот. Кон крајот на месецот помеѓу вас ќе се роди страст, но за нешто повеќе, ќе мора да бидете трпеливи.

Јарец

Ако сте во врска:

На вашиот партнер ќе му биде потребна поголема поддршка и внимание. На почетокот на април ќе бидете воздржани по тоа прашање и тоа може да предизвика несогласувања. Ќе успеете да најдете заеднички јазик кон средината на месецот, а ќе имате и потреба да ги покажете искрено вашите чувства. Кон крајот на месецот ќе имате шанси да ги реализирате заедничките планови кога станува збор за дом или семејство.

Ако сте слободни:

Месец април ќе ви понуди шанса да запознаете личност со која би можеле да влезете во стабилна врска на долгорочен план. Ќе се согласувате со личноста и тоа може да доведе до појава на заемни чувства. Брзо ќе се зближите, но кон крајот на месецот може да се повлечете во себе заради несигурност дали ќе успеете да изградите врска каква што посакувате. Не се грижете бидејќи ќе бидете на добар пат кон остварување на целите.

Водолија

Ако сте во врска:

Ќе имате можност појасно да ги согледате приоритетите во врската и да ја подобрите блискоста со вашата сакана личност. Ќе водите разговори за заедничките планови и ќе бидете подготвени да излезете во пресрет во врска со некои предлози за квалитетни промени на врската. Кон средината на април можни се несогласувања заради некои ваши тајни, па внимавајте тоа да не доведе до сериозни кавги и оладување на односот. Кон крајот на месецот очекувајте свежина во врската исполнета со страст.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да останете слободно и добро да се забавувате. Нема да ве привлекуваат сериозни врски. Може да ве заинтересира личност која е слободна и подготвена за авантура, на која вие долго време ѝ се допаѓате. Ќе ви годи вниманието кое го добивате, но ќе бидете склони кон двојни игри, па внимавајте тајната врска да не биде откриена.

Риби

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе почнете да ги согледувате вредностите на партнерот и ќе сфатите што е потребно за вашата врска да биде поквалитетна. Несогласувањата може да настанат заради вашата поголема наклонетост кон пријателите отколку кон саканата личност, но тоа е минливо. Ќе ги поправите грешките од изминатиот период и ќе ги решите несогласувањата па кон крајот на месецот ќе се сложите околу финансиите и заедничките планови, но важно е да одржувате добра комуникација и разменување емоции.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа и со која сакате да започнете нешто посериозно ќе ви изгледа многу затворени, а вашите обиди да се запознаете подобро ќе наидат на отпор. Ќе ви биде тешко да воспоставите комуникација, но иако сте упорни ќе сфатите дека тешко ќе најдете компромис. Тоа може накратко да ве разочара, но во другата половина на април ќе ви пријде личност со која ќе пронајдете многу заеднички интереси.

Translate »