Хирурзи со години силувале докторка

loading...

Двајца хирурзи од  Клиничкиот центар во Ријека се обвинети дека со години силувале специјализантка , која работела со  нив во истата болница. Докторката случајот го пријавила кај  тогашните началници на одделението, но никој не реагирал.   Во август 2016 година , таа поднела кривична пријава  и до  Јавното обвинителство, а во меѓувреме дала отказ и се иселелила во Ирска.

По спроведената истрага,  48 годишниот хирург е обвинет  дека  во 2011 година ја  злоупотребил  службената должност  за  да изнуди секс од својата колешка. Тој потоа уште еднаш се обидел да ја силува, но таа му се спротивставила.  Другиот хирург ( 65 ) , орално  ја силувал истата жена  шест  пати, од декември 2011 до мај 2016 година.

На помладиот од двајцата обвинети хирурзи во 2017 година, му било забрането да работи со студентите на Медицинскиот факултет во Ријека откако една студентка го пријавила за сексуално вознемирување за време на наставата. Во 2014 година , истиот лекар добил опомена пред отказ поради пријава на медицинска сестра за сексуално малтретирање.

 

Translate »