Лазања со компири

loading...

СОСТОЈКИ:

  • 1,5 кг. компири
  • 200 гр. салама
  • пола дл. масло
  • 3 лажици брашно
  • 7 дл. млеко
  • бибер
  • сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Направете бешамел така што ќе загреете масло со брашното и ќе ги пржите неколку минути.
  2. Додавајте постепено млеко со постојано мешање.
  3. Ставете сол и бибер и други зачини по вкус.
  4. Тргнете од оган и ставете ја ситно сечената салама.
  5. Во подмачкан плех редете ги излупените компири сечени на кругови со средна величина, па ставете го бешамелот со салама, па пак ред компири и запечете на 200 степени 35 минути                 Gotvi.mk
Translate »