Двајца разбојници украле пари од човек кој излегувал од банка во Скопје

Двајца разбојници на улица ограбиле скопјанец кому му зеле 40.000 евра, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 11.15 часот на паркинг на булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром.

Тогаш од една од експозитурите на банките излегол Д.К.(38) кој подигнал 2,4 милиони денари од банката.

Кога излегол на паркингот зад банката му пришле двајцата разбојници со моторцикл. Тие му се заканиле со пиштол, по што му ги зеле парите и избегале.

Translate »