Србинка го прослави разводот во венчаница :”Луѓе 30 години сум слободна “

Во бела венчаница како снег и бидермаер во рацете, Мирјана Миловановиќ која има 63 години, со трубачи и 80 гости, прослави 30 години од разводот.

Таа во кафеана во Јагодина ги собрала сите блиски за необичната прослава, пренесе Блиц.

– Луѓе 30 години сум слободна, викнала таа на микрофон и рекла дека за неа годините биле полни со среќа, веселење и пријатели.

На својата свадба немала венчаница, па се решила да ја носи сега.

Translate »