Вознемирувачки настан во Мексиско: Ја задавила бремената девојка и и го извадила бебето

loading...

Вознемирувачки настан ги потресе жителите на Мексико. Синтија Фатима ја задавила бремената 20-годишна девојка и и го извадила бебето од нејзиниот стомак. Но, ова не и било прв пат, полицијата открила и други убиства.

Синтија Фатима е обвинета дека ја намамила Џесика Габриела во својата куќа во Тампика, во мексиканската држава Тамаулипас, каде ја убила и го украла нејзиното мртво бебе за да исценира спонтан абортус.

Уапсена е заедно со сопругот Омар Ерике по пронаоѓањето на измасакрираното тело во нивната куќа. Синтија на својот маж не му рекла за својот абортус.

Мажот на Синтија

Габриела ја запознала Фатима на социјалните мрежи и отишла да се види со неа кога оваа и се понудила да и подари некаква облека за бебето. Семејството на Габриела тогаш го пријавила нејзиното исчезнување.

Полицијата се сомнева дека тука постои некаква врска кога жената, која тврдела дека и е сестра на Фатима, се појавила во локалната болница со мртвото бебе.

Според некои извештаи, таа на докторите им рекла дека нејзината сестра имала спонтан абортус дома. Според други извештаи, таа криела дека го изгубила бебето месеци пред тоа.

За да се извлече од ситуацијата, таа контактирала неколку жени на социјалните мрежи, за да ги намами да се видат и таа ги убила и им ги украла неродените бебиња.

Translate »