Поради влакно од косата на мајката, бебето за малку ќе останеше без прсти

Мајката Орла Фрејзер забележала дека нешто не е во ред со ногата на бебето кога ја менувала пелената. Двете прстиња  на тримесечното девојче  биле помодрени  и потечени , стегнати  со влакно од косата на мајката. Таа се обидела да го извади влакното, но без успех бидејки тоа влегло длабоко во кожата на детето. Мајката не чекала ниту момент, и тримесечното девојче го однела во болница во Единбург. Лекарот препишал локален антибиотик и ја упатил мајката на пластична хирургија.

За среќа, мајката веднаш отишла на лекар

На хирурзите им требале  цели 45 минути за да  го отстранат  влакното кое цврсто  се обвиткало околу прстот , речиси до самата коска.

По операцијата, повторно насмеани

Ваквите случаи иако се бизарни , не се ретки.  Педијатрите предупредуваат мајките постојано да го проверуваат детето ако плаче без причина.  Жените по породувањето , поради хормоните ја губат косата и вакви случаи се познати во лекарската пракса. Влакното кога е мокро е меко и може да се завитка околу детското прсте, но кога ќе се исуши се стврднува и ја засекува кожата. Во Кина е регистриран ист случај, кога поради влакно од косата на мајката , на детето морале да му го ампутираат ножното прсте.

Во Кина, истиот случај завршил со ампутација
Translate »