Пијан скопјанец со секира ги барал децата во МВР

Пијан скопјанец со секира си ги барал децата, вчера во објектот на МВР во Скопје.

Според полицијата, непознато лице, во видно алкохолизирана состојба околу 20.30 часот дошло на улицата Павел Шатев, кај задна капија на МВР.

Полицаецот задолжен за обезбедување го забележал непознатиот како со секира се приближува кон капијата. Тој три пати со секирата удрил во железната ограда.

Полицаецот му побарал лична карта, а непознатиот рекол дека си ги бара децата и оти сакал да пријави настан. Тогаш ја фрлил секирата веднаш до оградата, а потоа било утврдено дека се работи за А.Д. (52) со живеалиште во Скопје.

Тој бил приведен во ПС Центар, а се работи на расчистување на случајот.

Translate »