Пита со мелено месо и компир

loading...

СОСТОЈКИ:

  • 1 среден компир
  • 1 лажичка масло
  • 500 гр мелено свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • малку цимет
  • малку мускатно оревче
  • бибер
  • сол
  • 100 мл бујон
  • 400 гр лиснато тесто
  • 1 јајце

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете го компирот, исечкајте го на коцки и гответе додека не стане мек, а потоа испасирајте го.
  2. Во тава на масло испржете сечкан кромид и мелено месо. Кога месото ќе поприми браун боја, додајте лук, зачини, супа, бибер, сол. Сè добро измешајте, тргнете од шпорет, додајте пире од компири и оставете да се излади.
  3. Во кружен плех ставете половина од тестото така што рабовите ќе илегуваат. Ставете фил, поклопете со друга половина од тестото и добро затворете ги рабовите. Избоцкајте ја површината со вилушка, а потоа премачкајте со разматено јајце.
  4. Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Gotvi.mk

Translate »