Дара од “Жикина династија” -Животот е суров, но и убав

loading...

Кој не се сеќава на Дара и Жика од “Жикина династија”?!   Главните ликови на популарниот серијал и денеска ќе ве  насмеат до солзи. Таткото и мајката на Боба, ги глумеа  Драгомир Бојаниќ -Гидра и Дара Чалениќ.  Актерот Гидра  не е меѓу живите, а Дара Чалениќ има 84 години , врзана е за количка и моментално е во Белград.  Таа имала мозочен удар и со својот сопруг Владо Петрич, професор на Харвард,  пред една година од Флорида се вратиле во Србија. Весела и насмеана,  за Блиц таа раскажува: ” Убаво ми е кога ќе ми кажат дека ме паметат од “Жикина династија”. Сум чула дека ТВ серијата на Зоран Чалиќ многумина ја гледале и по неколку пати. Кога го снимавме серијалот, се чувствував како да сум дома, но морав да го прекинам снимањето и да заминам кај сопругот во АМерика. Не  ми се допаѓа тоа што ликот на Дара станал многу популарен: кога ќе ме видат на улица , не ме перцепираат како Дара Чалениќ туку како “љуби га мајка” .

Дара со сопругот

“Веќе немам професионални обврски. Играв во многу филмови пред да завршам во количка.  Сакам да читам и да готвам. Мојот Владо обожува да јаде, а тоа ми е особено мило бидејќи него е тешко да го задоволите, во секој поглед,” вели Дара.

” Да беа сите мои филмови популарни како “Жикина династија” не би можела да излезам на улица”, се шегува насмеаната пензионерка.

Дара во раните денови на актерската кариера

“Боба тогаш се замислуваше дека е голема ѕвезда , а јас го зафркавав. Беше симпатичен, но никогаш не верував дека ќе стане толку популарен. Гидра пак беше оригинален и одлично соработувавме. Знаеше да ме насмее и да ми даде идеи како пефективно да одиграме некоја сцена. Но, јас не сакав да играм во серијали бидејќи така ликовите губат тежина. Мојата одлука да прекинам  со договорот се должеше и на фактот што сакав да  се преселам во Америка каде беше мажот ми.

Дара Чалениќ  ги спакувала куферите и заминала во Америка, кај сопругот. Таа буквално, преку ноќ, исчезнала од сцената. Сега својот живот вака го опишува:

“Животот во Бостон беше интерсен. Ја сакам гимнастиката и слободното време го користев за да вежбам, а навечер одев во кино, театар или на концерт во познатиот Бостонски Симфониски Хол. Могу читав и патував. Секоја зима одевме на Флорида”, вели  таа.

Секогаш оптимистична Дара Чалениќ

Сопругот на Дара , Владо Петровиќ, се вљубил во неа кога за првпат ја видел на претстава во новосадскиот Српски народен театар.

“Дара веќе трета година не може да оди, а како ученичка беше првак во гиманстика на партер. На гредата таа правеше чуда, а сега не може да се движи. Кога ја гледам во количка, си помислувам дека животот е чуден, некогаш  суров , а некогаш  преубав. За нас двајца беше мешавина од двете ” , вели нејзиниот маж.

Децении заедно

 

 

 

Translate »