Лекарите по грешка жива ја балсамирале

loading...

27 годишната Екатерина Фјодоровна отишла на рутинска операција во клиничкиот центар во Улјановск,  но никогаш не се вратила дома. Во инфузијата која ја примила, по грешка и бил ставен формалдехид, средство кое е отровно и се користи за конзервирање на ткива и органи.  Од отровот кој и бил вбризган во вена, таа  добила треска, грчеви,  силни болки, и по неколку дена паднала во кома.

Отровниот формалин , со кој се балсамираат органите на мртовците

Нејзината мајка сведочи дека по операцијата ќерка ѝ  била во агонија, но никој од лекарите не дошол да ја види.

” Ги молев да преземат нешто. Клечев пред нив, им велев дека таа ми е единствено дете, но тие цело време бегаа од мене и  ништо не правеа. Ми викаа да одам дома ѝ да и направам пилешка супа за да ѝ биде подобро.   Ја оставија  така, со отровот во неа,  да умре во најголеми маки, сведочи мајката , која цело време била во болницата.

Мајка и ќерка

Дури откако ќерката паднала во кома, лекарите и рекле на  мајката  дека е направена грешка и оти  младата жена се наоѓа во критична состојба.

“Ги најдов сокриени во едно ќоше како се договараат што да ми кажат. Ми рекоа дека е направена грешка и дека  на ќерка ми почнале да ѝ откажуваат органите “,  низ солзи раскажува мајката Галина.

Екатерина штотуку се омажи

Екатерина веднаш била префрлена во регионалната клиника, а потоа во Москва , каде  починала. Еден од лекарите и ја открил на мајката причината за смртта на ќерката.

“Ова е чисто убиство,а сега ме убедуваат дека се работи за небрижност”, вели мајката, која побарала истрага за случајот.

Младата жена е погребана на 7-ми април, а во тек се истражни дејствија за случајот.

 

Translate »