Убедлива победа на Орбан на изборите во Унгарија

 Премиерот Виктор Орбан  и неговата партија  Фидес освоија 49,15 отсто  на гласовите, покажуваат прелиминарните резултати од неделните избори во Унгарија. Излезноста на овие избори беше рекордна,  68, 80 проценти.Врз основа на  досега пребројаните гласови , Фидес ќе има дво третинско мнозинство во парламентот.

„Најпрвин би сакал да им честитам на гласачите. Ви благодарам за вашето учество. Високиот одѕив ги отфрли сите сомнежи“, изјави Орбан пред своите симпатизери во Будимпешта..

 

Translate »