Лесно за подготовка: ред јуфки , ред тиквички

loading...

СОСТОЈКИ:

  • 300 гр. јуфки
  • 2 тиквички
  • магдонос
  • 250 гр. кашкавал
  • 1 кисела павлака
  • масло
  • сол

 

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Се варат јуфките во солена вода и се цедат, па се мешаат со павлака.
  2. Се сечат тиквичките на ленти, се става сол на нив и се редат во подмачкан плех.
  3. Се става малку магдонос на нив, па изрендан кашкавал.
  4. Се ставаат горе и јуфките и се распоредуваат, па повторно кашкавал, па тиквички.
  5. Се става малку масло и се става фолија.
  6. Се пече на 200 степени додека не омекнат тиквичките.
  7. Вода не треба да се додава бидејќи тиквичките пуштаат доволно.

 Gotvi.mk:

 

 

 

Translate »