Д-р Ранко Раховиќ: Нашите деца оставаме да ги воспитуваат луѓе од каналите на интернет

Животната средина  е изменета, така што веќе не можат да се применуваат истите принципи на воспитување и игри што се користеле пред триесет години. Потребно е родителите многу повеќе да се едуцираат, смета Д-р Ранко Раховиќ од Нови Сад, Србија, и самиот татко на 4 деца.

За децата од најрана возраст особено е важно движењето. Тие да се тркалаат околу барикадите, да висат на јаже, да се качуваат по дрва, да скокаат на тромболина, да одат по рабовите … А не да се постојано заштитени, и под постојан надзор на родителите.   Ако не дозволиме детето да оди по угорнина да скока, да се качува и спушта по падините, се спречува развој на важни делови од мозокот. Постои биолошки закон. Живи суштества кои не се движат се растенијата, и кои немаат неврони. Сите други живи суштества кои се движат имаат неврони и комплексен нервен состав. Тоа докажува дека сме создадени за движење. Мозокот се развива во движење, главно од втората до петтата година. Оттука, од клучно значење е детето да се движи, да не седи и да биде притиснато до неговите родители. Не размислувам само за одење, туку за сите сложени движења, трчање, тркалање, скокање, качување, повлекување – тоа е работа на детето, смета Д-р Раховиќ.

Не треба родителите да го решаваат проблемот на здодевност кај децата. Единственото нешто што треба да направите е да се сетите кога сте биле мали, т.е. она што сте го правеле кога сте се чувствувале здодевно. Сте возеле велосипед, сте измислувале игри, нешто сте правеле, и тоа сами.  Денес, кога на детето му е здодевно му даваме таблет, мобилен или далечински управувач и со притисок на едно копче тие влегуваат во виртуелниот свет во кој одеднаш престанува да се чувствува здодевно.

Ова значи дека ние го оставаме детето на луѓе од ТВ каналите, на карактери од видео игрите, на јутјубери, кои ќе го  обликуваат нивниот свет.

Ќе се согласите засрамувачка ситуација! Постои голема веројатност децата да изгубат контрола, и систем на вредности. Јутјуберите создаваат систем на вредности кај нашите деца од мали нозе. Тие растат со насилство, а глупостите и опасните работи станаа секојдневие на интернет каналите, тие ги промовираат  новите  морални вредности.

 

 

 

Translate »