Што не треба да објавувате на Фејсбук

Социјалната мрежа Фејсбук треба внимателно да се користи . Ако сакате да се заштитите  треба да одберете кои информации ќе ѝ ги прикажете, а кои ќе ги зачувате за себе.

Неодамнешниот скандал со Cambridge Analytica предизвика дилеми кај голем број луѓе дали воопшто сакаат да ја користат оваа социјална мрежа повеќе.

Загрижени за приватноста, голем дел од корисниците на Facebook ги избришаа нивните профили. Но, мора да се признае дека некогаш целосната вина не може да биде само кај Facebook, туку и кај луѓето, кои свесно оставаат нивни податоци на интернет, онаму каде што им се достапни на сите.

Ако сакате вашиот профил на Facebook да биде безбеден, а со тоа да ја зачувате вашата приватност, тогаш размислете за бришење на некои од доленаведените работи.

Роденден

Вашиот роденден е дел од големата сложувалка чии делови се и вашето лично име и адресата. Ако сложувалката е комплетна, тогаш непосакувани личности кои ги знаат овие податоци можат полесно да добијат информации за вашата банкарска сметка и личните детали.

Телефонски број

Скоро и да не постои добра страна кога е во прашање оставањето на телефонски број на вашиот Facebook профил. Во најдобар случај, тоа ќе му послужи на некој ваш пријател да ви се јави додека немате пристап до интернет. Во најлош случај, може да бидат злоупотребени вашите податоци и да „закачите“ досаден демнач кој постојано ќе ви ѕвони на телефон.

Повеќето од пријателите

Според истражувања спроведени на Универзитетот од Оксфорд, просечниот човек може да одржува контакт со само 150 луѓе. Ако е тоа вистина, тогаш зошто ви се 2.000 пријатели на Facebook? Избришете ги непотребните пријатели и расчистете го вашиот Timeline.

Локација

Никогаш не ја споделувајте вашата локација со Facebook, освен ако не сте изгубени некаде и пробувате да го најдете патот до дома. Во последните неколку години се случија многу грабежи и провалувања поради тоа што сопственикот на домот изгледал богато, а ја оставил неговата локација на Facebook.

Слики и информации за годишен одмор

Уште една работа која придонесува кон зголемување на бројот на грабежи се сликите и информациите за одење на одмор. Во моментот кога ја ставате сликата од вас и вашиот партнер како се качувате во авион и пишувате каде ќе одите, некој седи пред неговиот монитор и смислува план како да ве ограби.kajgana.com.mk

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »