Хемиското оружје Сарин е без вкус и мирис, прво течат солзи,а потоа следуваат страшни болки

Хемиското оружје Сарин за прв пат е произведено во 1938. година во Германија и тоа како пестицид, а го открил германскиот научник Герхард Шрадер, додека работел на создавање на нови инсектидици.

Последниот напад во Сирија, во кој наводно било користено хемиско оружје, се случил пред само неколку дена во градот Дума, а бројот на жртви не е точно утврден, иако најпрво се појавила информација дека биле убиени 70 лица.

Случајност или не, и минатата година на почетокот на април, во напад на градот Кан Шејкун во провинцијата Идлиб, исто така било користено хемиско оружје и тогаш настрадале 58 цивили, од кои 11 биле деца.

И тогаш, но и во нападот кој се случил пред некој ден во Дума, цивилите умреле од гушење и труење. И децата и возрасните. Фотографиите од сцените по нападот, се страшни во двата случаи, бидејќи на сите страни може да се видат цивили со тешкотии во дишењето, а на некои дури и им излегувала пена од уста.

Сириската влада и Русија демантираат дека во нападот било користено хемиско оружје и наведуваат дека нема докази за таквите тврдења, а Америка од другата страна се заканува со одмазда.

Сириската бунтовничка група Џаис ал ислам ги обвинила владините сили дека фрлиле буре-бомба која содржи отровни хемикалии, меѓу кои и нервниот гас сарин, на цивилите во Дума во источна Гута и дека притоа биле повредени повеќе од 500 лица.

Што е сарин и какви последици предизвикува?

Сарин е бистра течност, без боја, без вкус и мирис, која лесно се раствора во вода и која се користи како хемиско оружје. Со резолуцијата на ОН, бил класифициран како оружје за масовно уништување, а производството и складирањето на сарин е незаконско според Конвенцијата за хемиско оружје од 1993. година.

Прв пат бил произведен во 1938. година во Германија и тоа како пестицид, а го открил германскиот научник Герхард Шрадер, додека работел на создавање на нови инсектициди. Шрадер создал и табун и циклосарин, кои исто така се користат како хемиско оружје, станал познат како “татко на нервните агенси”.

Иако саринот е многу сличен со инсектицидите, сепак е многу појак. Многу брзо испарува, а при испарувањето се комбинира со уште една супстанца.

На луѓето може да влијае преку кожата, очите или белите дробови, но и преку контаминирана храна и облека. Само мала количина на сарин може да биде смртоносна.

Саринот го напаѓа нервниот систем. Жртвите при вдишувањето на овој агенс без боја и мирис најпрво чувствуваат течење на носот, болка и притисок во градите, а кратко потоа имаат и тешкотија при дишењето, губат контрола над телесните функции, повраќаат и ја губат свеста, а се е проследено со тешки болки.

Луѓето кои се изложени на сарин, а не добиваат правилен третман, може да имаат последици целиот живот.Tocka.mk

Translate »