Како да имате фризура како холивудска звезда-совети од Жане

Сигурно секогаш, сте се прашувале како славните личности како Бијонсе, Џеј Ло, и други убавици секогаш изгледаат совршено и имаат негувана и средена коса. Тоа е така бидејќи за нив се грижи професионален фризер со кој имаат воспоставено однос на доверба.

Вешт во бојадисувањето на коса, секогаш подготвен да проба нешто ново, а сепак според ликот и желбите на киентите. А жените кои доаѓаат кај Снежана Николовска во нејзиниот салон, изгледаат токму како холивудски звезди-убави, негувани, свои!

Во прилог се неколку совети од Жане кои треба да ги следите, па ќе имате можност и вие да се пофалите со негувана коса.

Бирајте потопли нијанси

Кога сте во дилема, секогаш бирајте посветла боја во потопла нијанса. Топлите тенови на коса стојат убаво на секој тен и боја на очи. Ладните и темни нијанси пак, често можат да направат да изгледате постаро и исцрпено.

Заборавете на трендови

Честите промени на фризурата, само заради следењето на модните трендови, може да влијае лошо на квалитетот и изгледот на влакното. Оштетената и неуредна коса никогаш не е модерна, па затоа подобро пронајдете изглед кој најдобро ќе ви одговара.

А, ако сакате толку многу да следите некој тренд, направете го тоа на суптилен начин, со неколку прамени и не премногу често.

Понекогаш е добро да се промени изгледот

Само затоа што некоја боја на коса ви стои совршено, не значи дека не треба да ја промените никогаш и да пробате нешто ново.

После одреден период, секому здосадува едно исто, па промената во изгледот и освежување на бојата може да делува многу пријатно.

Инвестирајте во нега на коса

Добро е да се потсетите колку е важно да ја негувате косата и да не штедите на квалитетни производи, за да не дојде до трајно оштетување. Плус, држете се до правилото, барем еднаш на 3 месеци да посетувате фризер кој ќе ви ја среди целосно косата.

Бидете трпеливи

Мора да бидете свесни дека не сите промени на бојата се можни преку ноќ и со едно фарбање. Ако имате темна коса, а сакате да ја осветлите, мора да се стрпите за да добиете посакувани резултати.

Потребно е време за голема промена и неколку посети на фризерот, но на крај ќе се исплати.

Грижете се за темето како и за остатокот од кожата

Кога ја миете главата, не заборавајте на темето, на кое исто така му е потребно темелно миење. Здравото и негувано теме гарантира прекрасна коса, па затоа обрнете внимание на тоа. Избегнувајте шампони за суво миење кои ги затвораат порите.

Препуштете ја косата на професионалци

Иако фарбањето сами може да ви заштеди многу пари, но за некого е можеби и интересно искуство, сепак е ризично – посебно ако не сте многу искусни, а сакате промена. Доколку во моментот не може да си дозволите фризер, стрпете се, заштедете пари и тогаш одете. Професионалците тоа ќе го направат без грешка, нема да мора да плаќате дупло и ќе изгледате беспрекорно.

 

 

Translate »