Јовковска: Животот не застанува кога ќе родиш дете

loading...

Денеска на мајка ми и подарив цвеќе да и се заблагодарам што ми помагаше, со тенџерчиња ми носеше храна и добро се грижеше за моето дете, и благодарам за жртвата што ја направи за јас да можам да пишувам.Можеби најмногу треба да му се заблагодарам на чудото од живот кој некако ги нареди сите коцки да се случи ова книжевно дело, рече познатата новинарка, авторка и активистка на синоќешната промоција на нејзината втора книга „Ехо на слободата“

Фото: Виктор Поповски

Наместо да родиш дете ти книга ќе ми пишуваш, ми рече мајка ми пред три години кога одлучив да го промовирам моето прво книжевно дело „Пулсот и времето“. Еве мамо, сега ги имаш и двете чеда. Едното дома спие, а другото од утре ќе спие по книжарниците, се пошегува Ана Јовковска пред присутните во клуб-ресторанот МКЦ.

фото: Виктор Поповски

,,Ехо на слободата“ е компилација на интервјуа со триесет значајни имиња, претежно луѓе од сферата на културата, но и неколку политички аналитичари и дипломати.

–  Не случајно го одбрав насловот „Ехо на слободата“. Слободата ми е света и таа е секогаш на прво место во мојот живот и без неа ми се чини дека ниеден сегмент на нашето битисување не би бил возможен. Човек кој не е слободен просто или одработува само за својата живејачка, ден за ден, или одработува за некаква партиска агенда,,- рече Ана

фото: Виктор Поповски

На промоцијата присутвуваа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, Британскиот амбасадор Чарлс Гарет,  универзитетската професорка Татјана Петрушевска,  академик Катица Ќулафкова, режисерот Милчо Манчевски, директорката на „Танц фест“ Рисима Рисимкин, актерите Софија Куновска, Ѓорѓи Јолевски и Ана Костовска, поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски , поетот Дарко Лешоски и други .

 

 

Translate »