САД, Франција и Велика Британија извршија ракетен напад врз Сирија

Коалицијата синоќа  изврши лимитирани  прецизни напади врз три сириски града, далеку од руските бази кои што се на теренот. Нападите беа изведени во знак на одмазда поради хемискиот напад врз Дума.

– Воената акција ќе трае до моментот кога сирискиот режим ќе престане да користи хемиско оружје. Владимир Путин му вети на светот дека ќе ја гарантира елиминацијата на хемиското оружје од Сирија. Русија мора да одлучи дали ќе продолжи со тој мрачен пат или ќе им се придружи на цивилизациските нации. Се надевам дека еден ден ќе се согласиме со Русија, можеби дури и со Иран, а можеби и не – изјави Трамп.

Тој истакна дека САД не сакаат да бидат воено присутни во Сирија.

Руските медиуми јавуваат дека повеќето од истреланите ракети биле пресретнати од сириската противвоздушна одбрана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »