Што е липосукција?

loading...

Слабеењето и вишокот килограми се една голема, макотрпна авантура. Потребно е напорна работа, решителност и непобедлива волја. Затоа не е нешто ново тоа што во последниве годинии се појавија еден куп процедури за губење на тежината, вклучувајќи ги операциите. За оние на кои им е потребна дополнителна помош и каде исхраната или вежбањето сами по себе не се доволни, овие процедури можат да помогнат. Одлуката за еден ваков чекор не е лесна, па затоа во оваа статија ќе ги разгледаме некои од најпопуларните процедури, придобивки и несакани дејства, долгорочно или краткорочно дејство и слично.

Sporty girl with a slim body standing at the right side and a picture of a fat woman drawn at the left side on a green chalkboard background. Getting rid of a pot belly. Losing weight. Before and after.

 

Bariatric операција
Што е тоа? Во целина, е прилично драстична одлука и доста сериозна процедура која вклучува операција. За да продолжите со постапката, треба да разговарате со вашиот доктор и да дознаете дали биатрична хирургија е нешто што би можело да одговара на вашиот организам. Постојат неколку видови на оваа операција кои се движат од привремени до трајни. Најевтина варијанта е „гастричен балон“ кој го исполнува вашиот стомак за да не чувствувате гла и да се чувствувате полно за пократок период. Ова е привремена процедура и балонот се отстранува по околу 6 месеци. Повеќето други опции вклучуваат хируршко отстранување на дел од стомакот со цел да се постигне истиот ефект.

 

За кого се препорачува оваа постапка? Овој тип на операција најчесто се препорачува за оние кои имаат прекумерна тежина од сто или повеќе килограми. Покрај тоа, таа исто така е понудена ако имате други здравствени проблеми поради вашата тежина. Ова може да вклучува апнеја при спиење, дијабетес тип II или хипертензија. Овие здравствени проблеми би можеле да гарантираат брзо губење на тежината и трајно решение за губење на тежината со цел да се елиминираат дополнителните здравствени состојби.

Дали има несакани ефекти и дали функционира? Како што рековме, ова е голема операција, така што вашето тело мора да се навикне на некои прилично големи промени во стомакот. Како таква, можно е да почувствувате некои сериозни несакани ефекти како што се: хернии, низок шеќер во крвта, недоволна исхранетост, чиреви и жолчни камења. Времето за опоравување е од три дена до шест недели, во зависност од операцијата која сте ја избрале. Да, оваа постапка дефинитивно функционира. Твојот стомак е физички неспособен да консумира многу калории во исто време. Вашето тело брзо ја исфрла тежината.

Липосукција
Што е тоа?
 Липосукција е постапка која најчесто се користи за отстранување на мали количини на маснотии во области кои не се средуваат со диета и вежбање. Тоа е за онаа тврдоглава стомачна маст која едноставно нема да исчезне без разлика што и да правиме. Тоа е хируршка процедура која користи вшмукување за отстранување на масните клетки од една или повеќе области. Масното ткиво се дистрибуира околу нашите тела на уникатни начини, понекогаш предизвикувајќи повеќе маснотии да се „паркираат“ во одредени места за разлика од другите. Пластичните хирурзи можат да ги избалансираат нерамномерните површини за да обезбедат целосно израмнување на кожата.

За кого се препорачува оваа постапка? Секој кој би сакал брзо да ги отстрани малите делови од маснотии е совршен кандидат. Сепак, ова не е постапка која се користи за значително губење на тежината или за оние кои потенцијално можат да доживеат сериозни здравствени проблеми како резултат на нивната тежина.

Дали има несакани ефекти и дали функционира? Процесот на заздравување трае околу четири недели. Можно е некои лица да имаат оток од осум до десет недели, но тоа е ретко. Болката и отокот се единствените несакани ефекти и треба да се решат доста брзо. Да, постапката функционира и ќе видите моментални резултати, но лекарите предупредуваат дека дека мора да се внимава со исхрана и вежбање. Идеални кандидати за постапката треба да се здрави и да имаат вишок само неколку килограми.

Coolsculpting
Што е тоа? Coolsculpting е постапка за топење маснотии која користи вшмукување и ладни температури за да убие масни клетки и да ги истера преку природни телесни процеси. Тоа е многу неинвазивен процес кој не бара хирургија, анестезија или медицинска грижа. Тоа е безболна процедура со многу мал ризик. Во целост процесот трае околу еден час и можете да си одите директно на кафе после оваа процедура.

 

За кого се препорачува оваа постапка? Слично на липосукција, овој систем се користи за оние кои се блиску до нивната посакувана тежина, но треба да изгубат дел од телесната маст. Бидејќи не е ризична процедура, се препорачува за сите. Несаканите ефекти практично не постојат и постапката е поекономична.

Дали има несакани ефекти и дали функционира? Најдобриот дел е дека практично нема несакани ефекти. Ако имате непријатност за време на третманот, веднаш можете да му кажете на вашиот специјалист, но повеќето клиенти велат дека не чувствуваат речиси ништо. Да, овој третман функционира, но повторно има услов. Мора да бидете посветени на промени во животниот стил кои вклучуваат исхрана и вежбање. Додека третманот функционира, маснотиите може да се вратат, освен ако вашите навики не се сменат.Секоја од овие процедури за губење на тежината е предложена само за оние кои се подготвени целосно да го сменат начинот на живот во исхраната и нивото на вежбање – здрава тежина се гради врз основа на здрави навики.

Translate »